19 мај 2008 г.

Правила на игра : Texas Holdem Poker




Texas Holdem Poker


На почетокот од Texas Holdem Poker играта , Дилерот го меша стандарниот шпил од 52 карти.Во касината и собите за карти. Дилерот не игра.Во тимска игра , делењето се поместува секој круг во правец на шасовникот. Во игра кога има Дилер , жетон кој се вика "Dealer Button" се поместува во правец на стрелките на часовникот од играч на играч во секој нареден круг.Овој жетон ( доли ) означува кој играч би бил дилер ако самите играчи делат.



ВЛОГ






Во овој покер постојат два задоложителни влога кои се викаат Блинда. Играта почнува такашто два играча од левата страна на долито ставаат одреден износ на влог – блинда, пред да се поделат картите , со што се осигура мал износ на влог, нешто за што се игра секоја рака.

Најчесто , Small Blind (мал влог , става играчот кој е прв од левата страна на долито , односно дилерот ) е пола од минималната вредност на влогот , односно the Big Blind (голем влог ), влог кој го вложува следниот играч од левата страна.Ова се вика поставување влог -"posting the blinds."





ДЕЛЕЊЕ


На секој играч му се делат по две затворени карти , со лицето надолу(the Hole Cards).Тој ја задржува тајноста на нивната вредност , обично ги погледнува такашто со едната рака малку го поткрева едното ќоше од картите.Затворените карти мораат да останат на масата , но можат да се потркеваат на момент за да може играчот да ги погледне, и повторно да ги врати на масата додека трае раката.


Намерата на играта е комбинирање на овие две карти кои ги добиваат играчите со петте карти кое ќе бидат поделени на масата за да се добие најдобра рака во покерот ("Hand Order") меѓу играчите.Оној кој ја има најаката рака го добива потот ( вкупниот влог на масата-пот).




ПРВ КРУГ НА ВЛОЖУВАЊЕ


Ова се случува веднаш откако на играчите ќе им бидат поделени двете затворени карти.Првиот играч кој прв се искажува е оној кој седи прв од лево на големата блинда.Во игрите кои не се турнирски овој играч може да опдбере да стави трета блинда така што ќе стави дупло од износот кој го вложува големата блинда пред да се поделат картите.Тој блог се нарекува Straddle (расчекор ).Предноста на овој влог е што играчот кој го ставил се искажува последен во првиот круг на вложување , и со тоа овозможува да земе во предвид што другите играчи направиле.Првиот кој се изјаснува ( прв од левата страна на Big Blinda или Straddlera ) има три опции :да повика Call , да подигне Raise или да се фрли Fold .Да повика значи играчот вложува исто колку големата блинда , да подигне влог е кога се додава износ кој одговара со правилата на играта.Големината на влогот зависи од типот на играта која се игра : во лимитираната игра износот е фиксен и може да биде ограничена (Capped) после неколку рунди;во пот лимитираната игра вредноста на влогот несмее да биде поголема од моменталната вредност во потот;и во нелимитираната игра, може да се вложи било која вредност на жетони.
Наредниот играч има исто така три опции , и можност за зголемување на влогот (ReRaise) .

Flop

После првиот круг на вложување ,дилерот гори првата горна карта од шпилот.Ова се вика Burning и се прави затоа што треба да се осигура ако некој случајно ја видел додека билапрва и за да се спречи мамење.



Изгорената карта се остава покрај флопот, под следните изгорени карти во ѓубрето (Muck). Дилерот тогаш ги дели трите карти на масата со лицето нагоре.Овие карти се викаат Flop.



ВТОР КРУГ НА ВЛОЖУВАЊЕ


Оваа рунда и сите наредни рунди на вложување почнуваат со првиот играч од левата страна на дилерот, односно малата блинда е секогаш прва.Освен што играчите можат да викаат , подигаат или предигаат , сега мимаат можност и да чекираат (Check)-односно да останат во игра без вложување се додека не дојде на ред следното изнасување.
Откако некој играч вложи нешто , следните можат да само да го следат , или да го накачат неговиот влог , но имаат и опција да се фрлат, односна да ја прекинат играта до следното делење. На крајот од кругот сите играчи мора да стават еднаков износ на жетони, освен ако некој играч нема доволно пред себе; во тој случај може да стави се что има или се что му останало пред себе и да биде All-In.Со тоа се прави дополнителен пот на страна ( Side Pots ),што ја ограничува добивката на играчот кој учествува во него.



Turn ( така наречена четврта улица)


По завршувањето на вториот круг вложување , уште една карта се гори од врвот на шпилот и следната карта се влече и се додава на масата.


Оваа карта се вика Turn.


ТРЕТ КРУГ НА ВЛОЖУВАЊЕ


Во лимитираната ига , фиксниот износ се дуплира и останува толку до последниот круг на вложување.


River (така наречена пета улица )


По завршувањето на третиот круг вложување, се гори уште една карта и се влече петтата, последната заедничка карта и се додава на масата.



Оваа карта се нарекува River.



ЧЕТВРТИ КРУГ НА ВЛОЖУВАЊЕ


Ова претходи на покажување на картите (Show-Down),каде предизвиканиот играч мора да ги покаже своите карти.




Ако два или повеќе играчи имаат иста рака, следната најголема карта во раката (Kicker) одлучува кој добива.Доколку нема Kicker карта (еднаквите играчи ги употребиле двете затворени карти или имаат еднакво иста рака ), потот се дели помеѓу нив.
Играчите кои сакаат да одиграат на масата( потпирајќи се на петте отворени карти за да ја комбинираат најаката рака ) мораат да објават пред да ги спуштат картите на маса, инаку се одрекуваат од своите права на пот.


ГРЕШКИ ВО ДЕЛЕЊЕТО


Ако првата затворена карта која се дели се покаже , настанува погрешно делење.Дилерот ќе ја врати картата во шпилот, ќе го измеша повторно , и ќе ги пресече картите.
Ако било која друга карта сличајно се покаже поради грешка на дилерот , делењето продолжува, но покажаната карта не може да се задржи.После поделените, останати карти дилерот таа карта ја гори и ја заменува со горната неподелена карта од шпилот.Ако повеќе од една карта погрешно се подели бидејќи е подложена на погледи ,тоа е погрешно делење и мора да се повтори од почеток.
Ако flop-от повторно се дели затоа што картите порано се покажани во однос на незавршениот круг на вложување, или во flop-от имало премногу карти , картите од масата се мешаат со остатокот од шпилот.Изгорените карти остануваат на масата.
Ако дилерот ја покаже четвртата карта на масата пред да биде завршен тој круг на вложување , картата се вади од игра за тој круг,и во случај кога следниот играч кој се прашува ги фрли своите карти.Тогаш се завршува вложувањето.Дилерот гори една карта и ја покажува петтата карта на местото каде што треба да е четвртата карта.После овој круг на вложување, дилертот повторно ги меша картите,заедно со картата која претходно ја изгоре,но без фрлените и изгорените карти.Дилерот потоа го сече шпилот и ја отвара последната карта без претходно горење на горната карта.Ако и петтата карта се отвори прерано, се повторува мешањето на шпилот и се дели на истиот начин.
Ако дилерот подрешно му подели на првиот играч една карта повеќе ,таа карта се враќа на врвот од шпилоѕ и ќе биде употребена како карта за горење.Ако дилерот повторно згреши и подели повеќе од една карта, се с почнува се одпочеток.