Манчестер Јунајтед новиот шампион на Европа
На стадионот „Лужњики“ во Москва, се случи 53 финале на Лигата на Шампионите кое го проследија 85,000 навивачи.
Нјаголемата фудбалска вечер во клупското натпреварување во Европа му ја донесе третата титула на Манчестер Јунајтед.
Откако заврши регуларниот дел на финалната пресметка меѓу премиерлигашите со резултат 1:1, со головите на Кристијано Роналдо за Манчестер Јунајтед во 26 минута и Лампард за Челзи во 45 минута, играта продолжи во продолженијата од по 15 минути каде мрежите на тимовите мируваа.
Откако ни дополнителните 30 минути не дадоа победник,каде Лампард ја затресе само стативата на „Бебињата“ , а Тери во последната секунда го спаси голот од ударот со глава кој го шутираше Гигс, почна изведувањето на пеналите.
Челзи влезе без Дрогба,кој заработи црвен картон во 115 минута откако му залепи шлаканица на Видиќ, што можеби го чинеше и титула, бидејќи на неговото место шутираше Тери .Откако Португалецот Роналдо не успеа да го реализира пеналот , судбината на Челзи беше во шутот на Тери,кој се лизна и удри само во стативата..Помошникот во тимот на Челзи , Хенк Тен Кате објави дека капитенот не требало да биде изведувач на пеналот, туку тоа требало да го направи Дидие Дрогба.
На крајот Сер Алекс Фергусон стигна до втората титула од ЛШ во 22 годишното раководење со Манчестер Јунајтед.