21 мај 2008 г.
Фудбал :Chelsea vs Manchester
ПРВОТО АНГЛИСКО ФИНАЛЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Мора прво да се посочи дека ова е првото Англиско финале во УЕФА Лигата на шампионите кое ќе го гледаме.Откако во 1997/1998 година врвот дозволи повеќе екипи од иста земја да учествуват,Шпанија и Италија успеаа да влезат во финалето со две екипи кои играа една против друга.Реал Мадрид против Валенсија во 1999/2000 година, и Милан против Јувентус во 2002/2003 година.
Ова е чист знак на преместување на силата,како сега.За прв пат англиски тимови доминираат во најелитниот Европски турнир.
Оваа ситуација беше неизбежна,посебно после големиот Calciopoli скандал во Италија,како и крајот на Реал Мадридовите “Galacticos” и огромниот напад на Барселона врз Европа со Роналдињо на крај.Тешко можеа да излезат од ситуацијата во која се наоѓаат овие големи тимови и да се вратат во формата која е потребна за да се одигра големото финале.
Затоа засега сите погледи се насочени кон Англија , или Москава , во зависност како сакате да гледате на тоа.
Фудбал :Chelsea vs Manchester
Chelsea vs Manchester
Утревечер во 20 часот и 45 минути ќе се одигра финалниот натпревар од Лигата на Европските фудбаски шампиони во Москва. Стадионот Лужњики ќе биде местото каде Манчестер Јунајтед и Челзи ќе се борат за да дојдат до трофејот.
Вториот меѓусебен дуел сезонава ќе се одигра на неутрален терен.Манчестер го брка третиот трофеј во третото последователно финале по пауза од 9 години,аЧелзи ќе се обиде да се испише на нова страна во клупската историја со освојувањето во нивното прво финале.
Челзи ќе добие подршка од своите фанови кои ,се зборува , ќе добијат беспатен превоз и сместување во хотел ,подарок од Абрамовиќ.Тој платил аранжамани во хотелите и пет авиони кои ќе ги пренесат фановите на Челзи во Москва,каде ќе го одигра историкото финале во ова натпреварување,откако претходно Мурињо не успеа да го внесе тимот во оваа фаза.
Руските власти веќе објавија дека пристигнал првиот авион со патници кои ќе го следат финалето.
На улиците на Москва се инсталирани 65,000 видео камери кои ќе треба да внимаваат на фановите, а за нивната дисциплина ќе се гижат 15,000 полицајци.Се очекува пристигнување на 50,000 навивачи,а истите че бидат превезувани со 700 посебни автобуси кои ќе имаат точно одредено време на тргнување од хотелите до центарот на градот и обратно.
Претплати се на:
Објави (Atom)