Лозинки за турнири на популарните покер страни
http://freeroll-pw.blogspot.com/
24 февруари 2010 г.
Регистрирајте се на форумот и на e mail ќе ви пристигаат сите лозинки за турнирите на pokerstars.com
http://www.onlinepokerads.org/
http://www.onlinepokerads.org/
Покерот игра на вештина или среќа ?
Покерот е игра на вештина....и шанси
Во последно време многу внимание , барем во круговите каде оваа тема е актуелна , добива прашањето за тоа дали покерот е игра во која вештината е главна особина. Освен тоа , има многу покер играчи кои веруваат дека ако законодавците го сфатат покерот како игра на вештина , за сите ќе биде подобро , односно законите за онлајн игри ќе се укинат и ќе биде дозволено да се регистрираат покер клубови без барање на одредени лиценци кои чинат премногу и покерот ќе се издигне на вистинското место заедно со другите културно значајни игри на вештина како што е шахот.
Да , покерот е игра на вештина
Фразата "игра на вештина" значи дека еден натпреварувач , односно играч е во можност да одржи предност во однос на другите играчи , без разлика дали ќе го стори тоа со своите физички или ментални способности .На физички се мисли кога се во прашање покер турнирите кои знаат да траат и со денови .Мислам дека со оваа груба дефиниција дадов одговор на прашањето дали покерот е игра на вештина или среќа.
Во "игрите на вештина"("games of skill ") едниот играч е секогаш подобар во играта од другиот.
Во покерот вашите одлуки важат.Тоа значи дека твојата акција , дејствување -check, fold, bet, or raise – ќе влијае на вашиот успех.Изборот кој ќе го направиш ќе влијае на износот на парите кои ќе ги добиеш или изгубиш.
Ако твоите одлуки се подобри отколку тие на противникот тогаш ќе се стремиш да добиеш повеќе пари , но ако правиш лоши одлуки тогаш ќе изгубиш многу повеќе.
Но покерот не е како шахот
Прифаќајќи го фактот дека покерот е игра на вештина , постојат многумина кои веруваат дека тоа може да биде разумно во споредба со други спортови како што се фудбалот , хокејот или игри како што е шахот. Овој аргумент вака некако:покерот е игра на вештина , шахот е игра на вештина , хокејот е игра на вештина , па затоа тие се споредливи.Иако претходно направивме таква споредба , таа беше во поинаков контекст.
Едно од начелата на Алијансата на Покер играчите (Poker Players' Alliance www.pokerplayersalliance.org) е всушност дека Покерот е игра во која доминира вештината.Како и шахот , покерот е 'thinking man's' ("размислување на човекот") игра која се потпира на математиката , психологијати начинот на вложување , односно менаџирањето со фондот на парите.
Да, покерот е игра на вештина. Но, смешна е споредбата со спортови како голф , фудбал и хокеј, игри како шах, и хокеј. Не се сите игри на вештина создадени подеднакво.
И иако е покерот игра на вештина , таа е сепак коцкање
Во Англија , Дерек Кели , претседател на Gutshot Клуб само за приватни членови , неодамна бил осуден за водење на незаконски покер клуб.Како негова одбрана беше употребено тоа дека покерот е игра на вештина , и дека не потпаѓа под законот за Игри на среќа донесен 1968 во Велика Британија.Иако најмалку еден експерт го потврди и појасни покерот како игра на вештина , судот не го прифати тоа и Кели сепак е осуден.
Иако е несомнено точно дека покерот е игра на вештина , во нормална употреба на фразата , не не изненадува фактот дека судот во Англија одбрал да го гледа покерот како игра на среќа во правна смисла.
Дали покерот треба да е исклучок од законот , само затоа што е игра на вештина ? Образложението на судот во врска со случајот на Дерек Кели е тоа дека иако покерот е игра на вештина , сеуште е моќно влијанието на среќата во играта.Покерот е јасно дека е активност која Парламентот на ВБ започнал да ја регулира со законот за игри на среќа уште од 1968 год..Дали Владата сака само парче од колачот или пак сака да ја ограничи изложеноста на опасната навика како што е коцкањето?
Поентата е во тоа дека во нормалниот и секојдневен говор покерот е игра на вештина , меѓутоа во правото тоа е игра на среќа.Иако Парламентот се согласува дека е тоа игра на вештина , тое е сепак коцкање.
Ова не значи дека треба да се предадете
Не мислам дека ќе се добие слободата на покерот со лобирање основано на фактот дека покерто е игра на вештина.
Ако некогаш властите се согласат со овој факт тоа ќе биде затоа што покерот е се попопуларен низ светот.Тогаш аргументите би им биле дека : Да , знаеме дека покерот е коцкање , но би требало да има поинаков третман од другите форми на коцкање заради социјалните бенефити на играта и заради неговата огромна популарност.
Со други зборови , би го направиле тоа затоа што е тоа вистинската работа , а не затоа што е покерот игра на вештина.
Покрај се што досега наведов, за повеќето играчи покерот е игра на среќа.Тоа е затоа што 70% од играчите губат баш во рацето каде што се нивните карти најаки и фаворити.За тие 70% покерот е еднаков на играње зарови.
Претплати се на:
Објави (Atom)