21 мај 2008 г.

Фудбал :Chelsea vs Manchester


Chelsea vs Manchester

Утревечер во 20 часот и 45 минути ќе се одигра финалниот натпревар од Лигата на Европските фудбаски шампиони во Москва. Стадионот Лужњики ќе биде местото каде Манчестер Јунајтед и Челзи ќе се борат за да дојдат до трофејот.
Вториот меѓусебен дуел сезонава ќе се одигра на неутрален терен.Манчестер го брка третиот трофеј во третото последователно финале по пауза од 9 години,аЧелзи ќе се обиде да се испише на нова страна во клупската историја со освојувањето во нивното прво финале.
Челзи ќе добие подршка од своите фанови кои ,се зборува , ќе добијат беспатен превоз и сместување во хотел ,подарок од Абрамовиќ.Тој платил аранжамани во хотелите и пет авиони кои ќе ги пренесат фановите на Челзи во Москва,каде ќе го одигра историкото финале во ова натпреварување,откако претходно Мурињо не успеа да го внесе тимот во оваа фаза.
Руските власти веќе објавија дека пристигнал првиот авион со патници кои ќе го следат финалето.
На улиците на Москва се инсталирани 65,000 видео камери кои ќе треба да внимаваат на фановите, а за нивната дисциплина ќе се гижат 15,000 полицајци.Се очекува пристигнување на 50,000 навивачи,а истите че бидат превезувани со 700 посебни автобуси кои ќе имаат точно одредено време на тргнување од хотелите до центарот на градот и обратно.

Нема коментари: