Премијата од милион долари предвидена за победникот на покер-турнирот во Берлин, не заврши во рацете со најдобри карти, туку во тие со автоматски пушки.
Петчлена разбојничка банда со пушки и рачни бомби среде бел ден влета во луксузниот хотел Хајат за време на финалната рунда на пет дневниот турнир во покер и избега со сумата што требаше да ја добие најдобриот играч. Дрската кражба се одвиваше во живо пред телевизиски камери кои ја пренесуваа финалната игра за главната награда од 800 илјади евра. Ограбувачите, и покрај бројните камери и обезбедувањето на луксузниот хотел, успеале да избегаат со пленот. Според полициските информации, во паничното бегство неколку луѓе биле полесно повредени.
7 март 2010 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар