17 мај 2008 г.

Правила на игра:Блек Џек


БЛЕК ЏЕК

Се делат неколку шпила карти, кои се вадат од така наречена „кондура“.Целта на играта е да се победи крупиерот со тоа што се добива вкупен збир на картите што изнесува 21.Ова мора да го постигнете со две или повеќе карти.Ако збирот на вашата „рака“ е поблиску до 21 од онаа на крупиерот,добивате а односот на исплата е 1 спрема 1.
Сликите (Џандар,Дама и Крал) се бројат како 10.Кеџот се брои како 1 или 11,а сите други карти се бројат според својата пишана вредност.Блек џек е кога ке добиете 10 или било која слика,плус кец,при делењето на првите две карти.Ви се исплаќа 3 спрема 2.Во случај и вие и крупиерот да имате Блек џек,се нарекува „исто“ и потоа ќе можете да го оставите истиот влог или да го смените пред да започне следното делење.
КАКО СЕ ИГРА
Морате да го ставите својот влог на масата,на местото обележано за тоа што се наоѓа пред вас.На еден „бокс“ може да играат до 3 играчи.Прашајте го нашиот пресонал како се изведува ова.Кога картите се делат отворени,не ви е дозволено да ги допирате картите.Ако сакате да добиете уште една карта тоа го правите вербално.Ако вашата „рака“ е поблиску до 21 од онаа на крупиерот,вие добивате и влогот се исплаќа 1 за 1.Можете да добиете колку карти сакате ако збирот не премине преку 21.Крупиерот МОРА ДА ВЛЕЧЕ карта ако збирот на неговата „рака“ е 16 или помалку,и МОРА ДА ЗАСТАНЕ на збир од 17 или повеќе.
СПЛИТУВАЊЕ
Ако вашите први две карти се пар (исти),можете да и „сплитувате“ (одделите) со тоа што ставате додатен влог ист по износ со првиот во „боксот“.Може да сплитувате само три пати.Ако сплитувате кецови,ке добиете само по една додатна карта на секој кец.Ако добиете 10 или слика на еден или двата кецови,ова се брои како 21 а не како Блек џек.Се исплаќа 1 за 1.

ДУПЛИРАЊЕ
Можете да го дуплирате основниот влог на било кои први две карти со ставање на додатен влог ист по износ со основниот во „боксот“.Ќе добиете само една карта.Не може да се бараат додатни карти.Дуплирањето е исто така дозволено и на сплитувана „рака“.

ОСИГУРУВАЊЕ
Ако првата карта на крупиерот е кец,можете да го „осигурате“ вашиот основен влог во случај крупиерот да добие Блек џек,со ставање на додатен износ не поголем од половината на основниот влог,на местото обележано со „insurance pays 2 to 1” (осигурувањето се плаќа 2 спрема 1).Ако крупието добие Блек џек го губите основниот влог,но ви се исплаќа 2 спрема 1 за влогот ставен на осигурување.Ако крупието не добие Блек џек го губите влогот на осигурување, но ви останува основниот влог.Ако и вие и крупиерот добиете Блек џек тогаш е „исто“ при што го задржувате оргиналниот влог и ви се исплаќа 2 за 1.

1 коментар:

Анонимен рече...

Thank you for sharing your thoughts. I really appreciate your efforts and I
am waiting for your further write ups thanks once again.

My page: Http://Ballpoolcoinhackengine.Page4.Me