17 мај 2008 г.

Правила на игра: Mедитерански покер


МЕДИТЕРАНСКИ ПОКЕР



Учествувајте во возбудливата нова игра наречена Медитерански покер!
Овој вид на покер моментално се игра во касината низ целиот цвет.Играта е многу лесна за учење,па почетниците можат да се вклучат во забавата за време од 5 минути,а оние со основно познавање на картите дури и за помалку!
Медитеранскиот покер е игра со 5 карти помеѓу дилерот и играчот,а се употребува стандарден шпил од 52 карти без џокери.
За да учествувате во играта,играчот вложува одредена сума (зависно од минимумот и максимумот) во „АНТЕ“ боксот,како што е прикажано на обележаната површина на масата.
Потоа,играчот(ите) добиваат 5 затворени карти,а дилерот 4 затворени и една отворена.
Играчот(ите) ги гледа своите карти и има избор да продолжи или да ги склоп истите.
Ако играчот(ите) сака да продолжи(ат) тој /таа мора да вложи дупло „АНТЕ“.
Ако играчот(ите) сака да застане,тој / таа го губи „АНТЕ“.
Откако играчите ги спроведуваат своите одлуки дилерот ги отвара останатите 4 карти пред себе.
Дилерот може да игра само со кец, крал или повисока карта.Па така ако дилерот има помалку од кец , крал итн. Играчот добива „АНТЕ“,но влогот останува (е нерешен).
Кога дилерот има кец , крал или поголемо,тој ги споредува неговите карти со оние на играчот(ите).
Ако картите на играчот(ите) се појаки од оние на дилерот,тој добива 1 за 1 исплата на „АНТЕ“,а вториот влог му се исплаќа на следниов начин:
· 2-1 2 пара
· 3-1 3 исти (трилинг)
· 4-1 стрејт
· 5-1 флаш
· 7-1 фулхаус
· 20-1 4 исти (каре)
· 50-1 стрејт флаш
· 200-1 ројал флаш
Сите добивки се исплатуваат во износ до максималната испала означена на таблата на масата.

Нема коментари: